Дома Фудбал Останато Паника на Островот: Газдата на англиски клуб заразен со коронавирус

Паника на Островот: Газдата на англиски клуб заразен со коронавирус

Сопственикот на англискиот второлигаш Нотингем Форест, како и на грчки Олимпијакос, Евангелос Маринакис потврди дека е заразен од коронавирусот.

Грчкиот бизнисмен на Инстаграм потврди дека е носител на коронавирусот и дека ги следи препораките на лекарите.

„Овој вирус ме „посети“ и чувствувам обврска тоа да го објавам. Во овој момент сум добро и ги преземам сите мерки од советите на докторите. Строго ги советувам моите сограѓани да бидат трпеливи и да го направат истото“, објави Маринакис.

Логична е загриженоста на Островот бидејќи тој  во петокот присуствувал на меч каде на трибините имало 27.000 гледачи, а потоа се ракувал со фудбалерите на Нотингем Форест.

Притоа бил присутен на трибините и на мечот од Европа Лигата помеѓу Вулверхемптон и Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…