Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Монако суспендиран 6 месеци поради туркање на судијата

Ѕвездата на Монако суспендиран 6 месеци поради туркање на судијата

Напаѓачот на Монако, Желсон Мартинс скапо ќе ја плати цената поради агресивното однесување кон судијата  на мечот против Нимс.

Португалскиот репрезентативец е суспендиран од француската Федерација за период од 6 месеци за туркање судијата Лесаж на мечот со Нимс. Тогаш Мартинс остро реагираше кога судијата му покажа црвен картон на неговиот соиграч Бакајоко.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради приговорот и Желсон доби црвен картон, по што ги загуби нервите и го турна судијата.  Француската федерација го опиша ова како „брутална акција“ и му изрече тешка казна, односно суспензија од 6 месеци.

Неиграњето на Португалецот до крајот на сезоната сигурно негативно ќе се одрази и на неговите настапи на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Официјалните лица на шпанската влада навестуваат дека би можеле да ја повлечат својата реп…