Дома Фудбал Останато Роналдињо признал дека е виновен откако бил испрашуван седум часа

Роналдињо признал дека е виновен откако бил испрашуван седум часа

Поранешниот бразилски ас Роналдињо и неговиот брат беа уапсени во Парагвај, а потоа пуштени да се бранат од слобода.

Роналдињо бил уапсен во хотелот во кој престојувал, иако полицијата можела да го приведе уште на аеродромот, но не сакале да се создава медиумска бура пред бројните луѓе.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На поранешниот играч на Барселона во Бразил му беше одземен пасошот во 2018 година бидејки не сакал да плати 2.3 милиони евра за нелегално изграден објект покрај езерот Гуиаба. Со лажните документи Роналдињо не стигна далеку. Откако бил привиден бил испрашуван дури седум часа.

На крајот тој и неговиот брат ја признале вината, па потоа биле ослободени. Обвинителот Федерико Делфино изјави дека двајцата ќе бидат пуштени на слобода под услов да го признаат делото.

Поранешниот светски шампион и неговиот брат на крајот пизнале, но истакнале дека ги измамил еден бразилски бизнисмен. Тие информации за обвинителот биле важни за откривање на криминална организација која изработува лажни документи.

„Предложуваме да платат казна, а на судот е да одлучи дали тоа ќе го прифати и колкава ќе биде казната. Истрагата е уште во почетна фаза, собираме податоци, идентификувавме неколку осомничени и ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните денвои. Сакаме да знаеме кој се е дел од оваа кирминална банда“, изјави обвинителот Делфино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …