Дома Трансфер зона Конте го носи во Интер својот миленик од Челзи

Конте го носи во Интер својот миленик од Челзи

Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.

„Нероаѕурите“ уште во јануари беа заинтересирани за Шпанецот и внимателно ја следат неговата ситуација во Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левиот бек блескаше под водство на Италијанецот во Челзи и е идеален за неговиот стил на игра 3-5-2, па поради тоа Интер ќе се обиде да му ја исполни желбата.

Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат, но за неговата слобода бараат 30 милиони евра.

Алонсо премина во редовите на Челзи во летото 2016 година од Фиорентина, па има искуство во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…