Дома Македонски спорт Aдеми: Посебно ми значи што голот го дадов на „Пољуд“

Aдеми: Посебно ми значи што голот го дадов на „Пољуд“

Maкедонскиот репрезентативец Арјан Адеми вчера постигна гол во дербито против Хајдук на „Пољуд“ (0:2).

Адеми го постигна вториот гол и ја потврди победата на Динамо. Нас не радува и неговата добра форма пред баражот со Косово кој го играме со Косово во Скопје на 26. март. За Адеми ова беше втор натпревар во низа на кој се запиша во листата на стрелци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот тој истакна задоволство, а посебно му е драго што голот го постигна на „Пољуд“.

„Овој гол против Хајдук навистина ми значи, посебно ми е драго што го постигнав на „Пољуд“. Блиску сме одново да бидеме шампиони, меѓутоа мораме да останеме сериозни и подготвени за завршницата од сезоната која следува, па потоа и за добри летни квалификации во Европа“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …