Тотенхем синоќа беше елиминиран од Норвич во ФА купот, а после натпреварот настана тотален хаос на трибините.
Фудбалерот на Спарси, Ерик Дајер се качи на трибините да се пресмета со еден од навивачите на домашниот тим, кој го провоцирал неговиот брат на трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот Жозе Мурињо после натпреварот откри зошто Дајер тргнал да се пресмета со навивачот.
Eric Dier tryna fight a fan after a game? straight savage ??♂️ pic.twitter.com/CTiHVxsTU5
— Jay Ilori (@JayIlori) March 4, 2020
„Ми кажа дека еден од навивачите жестоко го навредил. Ерик направи нешто што професиналец не смее да го направи, но во овој случај секој од нас би го направил тоа. Дали клубот ќе го казни? Не знам, но јас нема да се согласам со тоа.“ – изјави Мурињо.
Фудбалската асоцијација на Англија со сигурност ќе покрене постапка против Дајер после овие сцени и може да биде жестоко казнет.
Eric Dier just came into the stand and had a fight with fan next to me ? pic.twitter.com/nMGVcDWegX
— Jascha Selby (@jselby123) March 4, 2020