Раководството на Барселона синоќа испратило скаути на „Стенфорд Бриџ“ за мечот помеѓу Челзи и Ливерпул, пренесуваат медиумите на Островот.
Медиумите откриваат дека Каталонците веќе извесно време го следат талентот на Челзи Били Гилмор.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
18-годишниот играч за врска се почесто добива шанса за настап од Френк Лампард оваа сезона и покажа дека станува збор за исклучителен талент.
Гилмор се пресели во Челзи од Глазгов Ренџерс во 2017 година, игра за младиот тим, а оваа сезона запиша шест настапи за првиот тим на „сините“.
Барселона веќе подолго време ги следи неговите настапи, а синоќа скаутите останале задволни, па можно е Каталонците на лето да испратат понуда за репрезентативецот на Шкотска.