Во дербито на четвртфиналето Работнички и Шкендија повторно ремизираа, но „тетовци“ поради голот на гости се пласира во полуфинале.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шкендија со 1-1 пристигна во Скопје на реваншот против Работнички и одигра реми 2:2, што беше доволно за пласман во полуфинале.
Гостите во два наврати стигаа до резултатска предност преку Нафиу, односно Ибраими, Романтичарите на два пати израмнуваа, но немаа сили за целосен пресврт.
Освен Шкендија, пласман во полуфиналето обезбедија и фудбалерите на Брегалница, Академија Пандев и Струга ТЛ.