Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва не ја крие желбата да игра во ист клуб со Лионел Меси, пренесува „Мундо Депортиво“.
25-годишниот Бразилц има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па на лето ќе биде слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент потврди дека многу клубови веќе покажале интерес за Тиаго Силва, но тој преферира преселба на „Камп Ноу“.
„Приоритет на Тиаго е да остане во Париз, но не зависи од него. Ако не го обнови договорот може да се случи се. Вистина е дека има посебни чувства кон Милан, но и други клубови ме контактираа во изминатиот период. Се уште немаме започнато преговори со никого“, истакна агентот Тонието.
Според „Мундо Депортиво“, Тиаго Силва е спремен да ги намали финансиските претензии за да се пресели на Камп Ноу.