Дома Фудбал Англија Стана шампион и сега веднаш добива нов договор во Челзи

Стана шампион и сега веднаш добива нов договор во Челзи

Италијанскиот стратег, Антонио Конте имаше фантастична прва сезона на клупата на Челзи.

Конте минатото лето пристигна на „Стемфорд Бриџ“ и веднаш успеа да ја освои титулата шампион на Англија. Секако, Роман Абрамовиќ е познат како човек кој не штеди многу пари, па Конте би можел да биде награден.

Како што тврди „Daily Mail“, Конте наскоро би требало да потпише нов договор со „Сините“. Тој договор би го врзал со клубот до летото 2021. година, а годишно би заработувал околку 9.5 милиони евра.

Потсетуваме, овој 47-годишен стратег во својата кариера ги водеше екипите на Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус и репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…