Дома Фудбал Првиот човек на УЕФА откри дали ќе се одложат дуелите од ЛШ

Првиот човек на УЕФА откри дали ќе се одложат дуелите од ЛШ

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин откри дека од Централата ги следат одлуките за можното одложување на дуелот помеѓу Јувентус и Лион во Лигата на шампионите.

Јувентус беше поразен со 1-0 од Лион во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот на овие екипи ќе се одигра на 17 март во Торино, но овој натпревар во моментов е под знак прашалник поради епидемијата на коронавирус која владее во северна Италија изминативе десетина дена.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека се уште е рано да се зборува за овој натпревар, но дека ситуацијата внимателно се следи.

„Ние многу внимателно ги следиме настаните на епидемијата на коронавирус. Во моментов нема приказни за откажување натпревари. Ние го следиме развојот на ситуацијата во сите земји кои имаат претставници во европските натпреварување во нокаут и сигурно ќе знаете секоја одлука”, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…