Дома Топ вести Барса во акција: 70 милиони евра, плус двајца играчи за Лаутаро!

Барса во акција: 70 милиони евра, плус двајца играчи за Лаутаро!

Барселона и понатаму бара класичен напаѓач, а веќе некое време на мета на клубот е Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот на Интер наводдно има голема желба освен во репрезентацијата да игра и во клубот заедно со Лионел Меси. Покрај тоа Меси јавно истакна симпатии кон играта на Мартинез.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради сето ова Барселона веќе тргнала во акција за доведување на Лаутаро. Како што пренесува „Фудбал Италија“ и уште некои италијанси медиуми, Интер ја добил првата понуда од Барселона и таа гласи: 70 милиони евра и плус двајца играчи за Лаутаро. Двајцата играчи кои би биле вклучени во понудата се Артуро Видал и Нелсон Семедо.

На Видал веројатно му се допаѓа опцијата повторно да соработува со Антонио Конте, каков е ставот на Семедо засега е помалку познато. Според проценките вредноста на Видал е околу 20 милиони евра, а на Семедо околу 40, па така вкупната понуда за Лаутаро е околу 130 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…