Дома Фудбал Сетиен: „Ел Класико“ е поважно за Реал

Сетиен: „Ел Класико“ е поважно за Реал

Тренерот на Барселона Кике Сетиен пред вечерашното „Ел Класико“ даде свој коментар за натпреварот.

Барселона има два бода повеќе од Реал и вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ му гостува на лутиот ривал и ако не изгуби ќе го задржи првото место.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„За мене тој е важен натпревар и можеби клучен, но повеќе важна е за Реал. Тие ако изгубат ние ќе имаме пет бода предност“, изјави Сетиен.

Реал во ова дерби влегува со два порази во низа, од Леванте во Ла Лига, па од Сити во Лигата на шампионите.

Ниту Барселона не блеска, но дефинитивно е во подобра форма, а Реал има и поголеми проблеми со повредени играчи, но тоа е нешто со кое се борат и Каталонците. За нив најголем проблем е што и во овој натпревар не можат да сметаат на Луис Суарез и Осман Дембеле, на другата страна Реал е без Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…