Дома Фудбал Останато Видео: Леверкузен го „прегази“ Порто, „победничко“ реми на Рома

Видео: Леверкузен го „прегази“ Порто, „победничко“ реми на Рома

Базел, Вулверхемптон, Рома, ЛАСК, Волфзбург и Баер Леверкузен обезбедија пласман во осминафиналето од Лига Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Порто на домашен терен беше „прегазен“ од Леверкузен со 1:3. „Фармацефтите“ водеа со 0-3, благодарение на головите на Лукас Аларио, Керем Демирбај и Каи Хаверц. Марега го постигна почесниот гол на „Драгао“.

Рома одигра 1:1 против Гент и оди понатаму поради победата на домашен терен. ЛАСК направи големо изненадување и го елиминира АЗ Алкмар. Базел и Волфсбург запишаа уште една победа, а Вулверхемптон загуби од Еспањол, но имаше голема предност од првиот меч.

Највозбудливиот дуел се игра во Истанбул, каде Башакшекир ја анулира предноста на Спортинг од првиот меч (3:1) и мечот замина во продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер ќе понуди нов договор на Димарко

Интер планира да го продолжи договорот на дефанзивецот Федерико Димарко, според новинарот …