Девет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а секако треба да се издвои новиот трипл-дабл на неверојатниот Лука Дончиќ.
Далас во дербито во Тексас славеа против Сан Антонио Спарс, а Лука заедно со Кристапс Порзингис беше незапирлив за домаќините. На крајот за 37 минути Словенецот запиша учинок од 26 поени, 14 асистенции и 10 скокови. Порзигис уфрли 28 поени и 12 скокови за само 29 минути.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Дончиќ ова беше 21. трипл-дабл со што се изедначи со Џејсон Кид кој за осум сезони имаше таков учинок.
Од друга страна кај Спарсите се истакна Дерозан со 27 поени и осум скокови, но тоа не беше доволно за неговиот тим да стигне до поволен резултат.
Дербито на вечерта се играше во Солт Лејк Сити каде што Бостон ја победи Јута со 114:103. Повторно одличен кај Селтикси беше Џејсон Татум со 33 поени и 11 скокови, Џејлен Браун додаде 20 поени, додека кај Јута Донован Мичел уфрли 37 поени.
НБА резултати:
Шарлот – Њујорк 107:101
Кливленд – Филаделфија 108:94
Вашингтон Бруклин 110:106
Атланта – Орландо 120:130
Мајами – Минесота 126:129
Хјустон – Мемфис 140:112
Сан Антонио – Далас 103:109
Феникс – ЛА Клиперси 92:102
Јута – Бостон 103:114