Барселона имаше можност да го донесе Ерлинг Халанд во своите редови оваа зима, но каталонскиот клуб се откажа од тој трансфер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Халанд на крајот премина во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра и тоа беше одличен потег. Норвежанецот игра во животна форма бидејќи во досегашниот дел од сезоната на 29 натпревари за Салцбург и Дортмунд постигна неверојатни 39 погодоци.
После првиот дел од сезоната во Салзбург каде прикажа одлични игри Халанд одлучи да го напушти клубот. Напаѓачот беше на мета и на Барселона, но Каталонците се откажаа од негов ангажман.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона со таквата одлука направила неверојатна грешка, а наводно одлучиле да се откажат поради две причини.
Првата причина била тоа што во Барселона не верувале дека Норвежанецот може да се прилагоди на играта на каталонскиот клуб, а втората е од финансиска природа бидејќи Салцбург побарал на Барселона многу повеќе пари од оние кои на крајот ги доби од Дортмунд.