Минхенски Баерн го декласираше Челзи со 0:3 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баварците Лондон го напуштија со голема предност. Германскиот тим се наоѓа на чекор од пласман во четвртфиналето, но потребно е да се одработат уште 90 минути во Минхен.
Гостувањето во Лондон играчите на Баерн го искористија и за опуштање. Тие присуствувале на забава на познатиот пеј Џон Бон Џови.
„Си ја гледав својата работа во барот, а потоа се појави комплетниот тим на Баерн. Тоа беше завчера. Момците пиеа виски и добро се забавуваа, а потоа излегоа на терен и го разнија Челзи. Се надевам нема да им направам проблем со ова“, изјави познатиот пејач.