Лос Анџелес Лејкерси победија во „Стејплс Центарот“ против Њу Орлеанс со резултат 118:109.
Во добар натпревар Лејкерси водеа во поголемиот дел од натпреварот. Меѓутоа Пеликанси успеваа да се заканат, но на крајот Леброн го одлучи победникот.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Кралот“ ги разби Пеликанс и натпреварот го заврши со 40 поени, 8 скокови и 6 асистенции. Од друга страна Брендон Инграм имаше 34 поени, додекап рвиот пик на НБА драфтот Зион Вилијамсон уфрли 29 поени.
Милвоки Бакси продолжуваат да победуваат. Во дербито на источната конференција најдобриот тим во лигата победи на гостувањето кај актуелните шампиони Торонто Рапторс со резултат 108:97.
Повторно одличен беше Јанис Антетокумпо кој имаше учинок од 18 поени и 17 скокови. Миделтон беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, а исто толку кај Рапторси запиша и Паскал Сиакам.
Денвер победи дома против Детроит со 115:98. Најефикасен кај Денвер беше Грант, додека Роуз на спротивната страна уфрли 20 поени. Никола Јокиќ одигра добар натпревар со 16 поени, 5 скокови и 4 асистенции.
НБА резултати:
Индијана – Шарлот 119:80
Торонто – Милвоки 97:108
Чикаго – Оклахома 122:124
Денвер – Детроит 115:98
Лејкерси – Њу Орлеанс 118:109
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112