Дома Топ вести Дортмунд му ја „краде“ големата желба на Зидан

Дортмунд му ја „краде“ големата желба на Зидан

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Борусија Дортмунд е експерт за купување на млади таленти и се надева дека и во овој случај, како со Халанд, ќе успее да ја добите битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…