Дома Трансфер зона Во Италија тврдат: Падна договор – Ди Марија во Серија А!?

Во Италија тврдат: Падна договор – Ди Марија во Серија А!?

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Анхел ди Марија се договорил со Интер па сега останува уште „нероаѕурите“ да постигнат договор со Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пари Сент Жермен за слободата на Ди Марија бара 70 милиони евра, но весникот тврди дека една од варијантите е размена за Иван Перишиќ кој е проценет на околу 50 милиони евра.

Интер ова лето ќе ги продаде Перишиќ, Брозовиќ, Банега и Муриљо што ќе му овозможи финансиски баланс, па клубот ќе може да потроши околу 150 милиони евра на трансфер пазарот.

Медиумите тврдат дека тие пари ќе бидат вложени за три-четири врвни засилувања, со што „нероаѕурите“ ќе имаат конкурентен тим да се борат за врвот.

Веќе е јасно дека Спалети ќе го води тимот следната сезона, а со себе од Рома сака да ги донесе дефанзивецот Рудигер и играчот за врска Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…