Дома Фудбал Англија Лампард го доби дербито против Мурињо! (ВИДЕО)

Лампард го доби дербито против Мурињо! (ВИДЕО)

Денес во дербито на колото во Премиер лигата се сретнаа Челзи и Тотенхем.

Тотенхем во овој натпревар влезе со многу проблеми со повредени фудбалери и поради тоа Мурињо пред натпреварот ја препушти фаворитската улога на „сините“. На крајот Челзи однесе победа од 2:1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


До водство домаќините стигнаа во 15. минута. После два претходни удари, Жиру успеа со третиот да ја смести топката во мрежата на „петлите“. Овој гол беше и единствен во првото полувреме.

На самиот старт во вториот дел Алонсо постигна гол за удвојување на предноста на Челзи. Тотенхем успеа да дојде само до утешен гол во 89. минута кога Рудигер го измени правецот на топката и го измами Кабаљеро.

Со оваа победа Челзи е четврти со четири бода предност во однос на Тотенхем. Тотенхем може да падне и подолу на табелата ако победи во ова коло забележат Шефилд и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…