Дома Фудбал Германија Баерн повторно може да остане без тренер

Баерн повторно може да остане без тренер

За краткиот престој на клупата на Баерн Минхен тренерот Ханзи Флик веќе го привлече вниманието на други клубови, пренесува „Билд“.

Неговиот договор со Баварците истекува на лето, а раководството на клубот не сака да започне преговори за продожување на соработката до завршување на сезоната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Флик го презеде тимот во ноември после отказот на Нико Ковач, првично како приверемено решени, но потоа клубот реши да го задржи до крајот на сезоната.

Баерн покажува одлични игри и резултати под водство на Флик, па раководството сака да виде како ќе се справи во Лигата на шампиони, за да му понуди долгорочен договор.

„Билд“ открива дека Флик сигурно повеќе не сака да биде асистент и дека ќе замине во друг клуб доколку Баерн не му понуди договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…