Дома Фудбал Нејмар за лошиот настап против Борусија ги обвини докторите на ПСЖ

Нејмар за лошиот настап против Борусија ги обвини докторите на ПСЖ

ПСЖ претрпе пораз на гостувањето против Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Борусија го победи ПСЖ со 2:1. Еден од играчите кои доби критики од француските медиуми после натпреварот е Нејмар. Бразилецот иако постигна гол сепак, се вклопи во послабата игра на својот тим.

После натпреварот Нејмар за својот лош настап го обвини лекарскиот тим на ПСЖ затоа што не му дозволиле да игра на претходните натпревари.

„Кога нема да играш на четири натпревари во низа е навистина тешко. Јас не избрав да не играм, тоа беше одлука на клубот. Докторите во клубот го бараа тоа одмене. Многу разговаравме, мене не ми се допадна затоа што се чувствував добро и сметав дека можам да играм“, изјави Нејмар после поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…