Дома Фудбал Англија Раиола му одговори на Солскјер: Да не мисли дека Погба е негов затвореник

Раиола му одговори на Солскјер: Да не мисли дека Погба е негов затвореник

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер и агентот на Пол Погба, Мино Раиола влегова во отворен конфликт преку медиумите.

Солскјер му испрати порака на менаџерот на Погба да не зборува за Французинот како да е негова сопственост, затоа што тој е сопственост на Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, не се чекаше долго но одговор на контроверзниот агент кој му порача на Солскјер да не мисли дека Погба е негов затвореник.

„Пол Погба не е нитто во моја, ниту во сопственост на Манчестер Јунајтед. Тој е Пол Погба. Не можете да бидете сопственик на некого, се надевам дека Оле во иднина нема да изјави дека Пол е негов затвореник“, истакна Раиола.

Можеби досега бев многу фин со него, но Солскјер треба да се потсети на зборовите кои му ги кажа на Погба во текот на летото. Можеби е фрустриран од различни причини. Мислам дека Солксјер во моментов има поголеми грижи од тоа што сум рекол јас за Погба“, додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…