Дома Македонски спорт Мак фудбал Сегашниот тренер на Шкендија пред две години бил киднапиран и држен како заложник!?

Сегашниот тренер на Шкендија пред две години бил киднапиран и држен како заложник!?

Влазанија е клуб кој се натпреварува во првата албанска лига и овој клуб го следат многу контроверзии, а од една бил дел и сегашниот тренер на Шкендија Ернест Ѓока.

Новинарот Сенад Никшиќ во емисијата „Спортски процес“ во Албанија откри дека Ернест Ѓока додека бил тренер на Влазанија во 2018 година бил киднапиран и држен неколку часа како заложник. Ѓока тогаш случајот го пријавил во полиција.

Инаку, во Алабанија многу се пишува за ситуацијата Влазанија. Во саботата под возилото на еден од челниците на клубот беше пронајдена експлозивна направа.

Во овој момент шеф на стручниот штаб на Влазанија е поранешниот селектор на Македонија, Мирсад Јонуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бојчев погоди, Петрески одбрани пенал за реми на младите футсалци во Тиват

Македонската футсал селекција до 19 години одигра 1:1 со Црна Гора во првата од двете конт…