Oткако на Манчестер Сити му беше соопштено за казната од УЕФА и суспензијата на две сезони од Лигата на шампионите во медиумите започна да се пишува за можен егзодус во редовите на „граѓаните“.
Меѓутоа, Пеп Гвардиола во изјава за „Скај“ Спорт истакна дека ако само тој се прашува ќе остане со клубот дури и ако биде исфрлен во четврта лига. Наводно, тој и одржал состанок со фудбалерите на кои им порачал дека сега е момент во кој треба да држат заедно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Гвардиола еден од фудбалерите кои наводно нема намера да си замине е и Рахим Стерлинг.
„Рахим е фокусиран на Манчестер Сити и во моментот нема преговори за негов трансфер во друг клуб“, изјави агентот на фудбалерот.