Дома Фудбал Италија Сари: Единствена грижа ми е здравјето, за 15 дена може пак ќе бидеме одлични

Сари: Единствена грижа ми е здравјето, за 15 дена може пак ќе бидеме одлични

Jувентус повторно не прикажа кој знае каква игра и едвај извлече реми против Милан. Со оглед на тоа што следниот натпревар Јувентус го игра дома, ремито е позитивен резултат.

Шампионот на Италија не создаде многу сериозни прилики на „Сан Сиро“, меѓутоа Маурицио Сари не е премногу загрижен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сум загрижен, бидејќи единствена грижа во животот ми е задравјето. Не замисливо е екипата цело време да победува, ова е спорт…Многу зависи од физичката и психолошката спремност на играчите. Во последните три недели не растевме. Примаме голови кои не треба да ги примаме. Бевме во одлична форма во последните 15 дена, но тоа се промени. Можеби повторно ќе бидеме одлични за 15 дена. Во фудбалот тешко е да се предвидат работите“.

За повредата на Киелини.

„Киелини е играч кој би недостасувал на секој тим. Тој носи карактер и енергија во одбраната. Денес играше за младиот тим и кажа дека добро е чувствува. Наскоро ќе одлучиме кога ќе заигра“, изјави Сари после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…