Дома Фудбал Aнгличаните анализраа: На кого ВАР најмногу му помогнал во Премиер лигата?

Aнгличаните анализраа: На кого ВАР најмногу му помогнал во Премиер лигата?

Оваа сезона ВАР во Премиер лигата беше предмет на многу коментари, додека едни го фалеа имаеш и дел од јавноста која ја критикуваше технологијата.

Покрај коментарите за критика и пофалби се истакнуваше и дека се фаворизираат одредени тимови. „ЈоГов“ во соработка со „Скај Спорт“ направи студија за ВАР во која анализираа кој тим поминал најдобро, а кој најлошо.

Во „плус“ се само неколку тимови, а се истакнува Манчестер Јунајтед кој од ВАР добил три гола, тука се уште Бурнемоут, Кристал Палас, Њукасл и Вотфорд со +1. Ливерпул многу се споменуваше како миленик на ВАР, но на оваа листа се со минимален минус заедно со Челзи, Сити, Вулвс и Тотенхем.

Кога во прашање се навивачите 67% сметаат дека ВАР ги прави натпреварите помалку интересни и му даваат оцена 4/10, но 74% сакаат ВАР да остане, но да се направат некои промени.

Дури 81% сакаат во реално време да се гледа процесот на донесување одлука на големиот екран, ова сепак не е можно поради претходниот договор на управата на Премиер лигата и судијата.

Треба да се спомене дека во оваа студија не се сметаат ситуациите кои биле сомнителни, а судијата не се одлучил да се консултира со ВАР собата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…