Дома Македонски спорт Мак фудбал Голеада и реми на Шкендија против дански Рандерс во Анталија

Голеада и реми на Шкендија против дански Рандерс во Анталија

Екипата на Шкендија денес одигра реми 3:3 во натпревар со дански Рандерс.

Стрелци на головите за Шкендија беа Агим Ибраими (два) и Арменд Алими. Шкендија на 18 минути пред крајот имаше два гола негатива и изгледаше дека тетовци ќе доживеат пораз. Сепак, набрзина со два гола во шест минути стигнаа до изедначување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


До водство Рандерс стигна во шестата минута, Ибраими изедначи од пенал. Ново водство за данскиот тим донесе Камара после половина час игра. За 1:3 се погрижи Кехинде кој постигна убав гол од 16 метри.

Реми на Шкендија и донесоа Алими со гол во 72. минута и Ибраими со вториот на десетина минути пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…