Роџер Федерер има само уште една шанса да освои Гренд Слем, според поранешниот австриски тенисер Пат Кеш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, Федерер на Австралија Опен загуби од Ѓоковиќ во полуфиналето со 3:0 и на тој начин остана на 20 Гренд Слем титули.
Надал моментално има 19, а Ѓоковиќ 17, па во продолжение ќе биде многу возбудливо. Кеш смета дека Федерер има уште една прилика да дојде до 21. Гренд Слем и тоа на Вимблдон.
„Федерер има шанса, веројатно само уште една, да освои Гренд Слем и тоа е Вимблдон. Мислам дека тој сè уште е меѓу најдобрите играчи на трева“, изјави Австриецот за Би-Би-Си.
Кога станува збор за Кеш, тој освои само еден Гренд Слем во текот на неговата кариера, токму на Вимблдон во 1987 година.