Денес Ѓоковиќ со пресврт против Доминик Тим ја одбрани титулата на Австралија Опен (3:2).
Ѓоковиќ после натпреварот одржа емотивен говор во кој зборуваше за еколошката катастрофа во Австралија и трагедијата во која животот го загуби Коби Брајант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да испратам честитки до Тим за одличниоот турнир, денес имаше тежок меч беше блиску до победа. Сигурен сум дека во иднина ќе освоиш многу гренслем турнири. Пред овој турнир се случија страшни работи. Катастрофата во Австралија, несреќата на мојот ментор Коби Брајант…Сакам да кажам дека ова е потсетување на важноста на семејството, ние сме дел од професионалниот спорт, се грижиме, но важно е да бидете добри и се надевам дека такви работи повеќе нема да се случуваат“, изјави помеѓу другото Ѓоковиќ.
"This is a reminder to all of us that we should stick together more than ever."
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 2, 2020
Words of wisdom from eight-time #AusOpen champion, @DjokerNole. #AO2020 pic.twitter.com/b2yrSfW6IG