Дома Трансфер зона Постигнат договор: Емре Чан се сели во Борусија Дортмунд

Постигнат договор: Емре Чан се сели во Борусија Дортмунд

Емре Чан оваа сезона не е во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, па ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба постигнале комплетен договор, па Емре Чан ќе се пресели во Дортмунд на позајмица со задолжителен откуп за 30 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец има одиграно само 279 минути оваа сезона во Јувентус, па сакаше по секоја цена да ја промени средината, за да може да конкурира за тимот на Европското првенство.

Емре Чан од поодамна постигна договор со „милионерите“ и се согласи на помала плата, па утре би требало да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…