Дома Трансфер зона Капитенот на ПСЖ заминува – Милан го чека со раширени раце

Капитенот на ПСЖ заминува – Милан го чека со раширени раце

Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.

Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во моментов нема преговори со ПСЖ. Тиаго веќе има понуди од други клубови, но нема да потпишуваме ништо бидејќи за нас приоритет останува ПСЖ“, изјави агентот на Силва.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиаго Силва може да се врати во Милан.

„Фудбалот е многу динамичен. Приоритет ни е ПСЖ, но ако не ни предложат нов договор, наскоро ќе ги слушнеме и другите понуди“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…