Дома Трансфер зона Милан и Бенфика блиску до договор: На „Сан Сиро“ доаѓа португалски „вундеркинд“

Милан и Бенфика блиску до договор: На „Сан Сиро“ доаѓа португалски „вундеркинд“

Со доаѓањето на Ибрахимовиќ пристигна и позитивен импулс во клубот, се врати ентузијазмот, па дојдоа и добрите резултати, но Милан сака додатно да го засилат тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнати се преговори со Бефика за трансфер на Флорентино Луис.

20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Јасно е дека Милан нема намера да ја плати клаузулата, но Бенфика за својот „бисер“ бара 50 милиони евра.

Двата клуба се во напредни преговори, а „росонерите“ сакаат да го донесат играчот на 18-месечна позајмица за 5 милиони евра плус 40 милиони евра за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…