Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Фенербахче конечно ќе се реализира.
Трансферот на Швајцарецот комплетно беше договорен, дури ги помина и лекарските прегледи во Истанбул, но потоа турската Федерација му забрани на Фенербахче да регистрира нови фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега проблемот конечно е решен па Родригез најдоцна до понеделник ќе го комплетира трансферот во турскиот гигант, а Милан ќе добие 6 милиони евра плус бонуси.
Малдини веќе пронајде замена за Швајцарецот, а станува збор за левиот бек на Виган Ентони Робинсон. „Росонерите“ сметаат дека Робертсон е одлично засилување кое може да пристине за мала сума на „Сан Сиро“ и да му биде резерва на Тео Хернандез.
Робинсон има 22 години, потекнува од школата на Евертон, а Милан може да го добие неговиот потпис за 10 милиони фунти.