Дома Тенис Федерер после маратонска драма се пласира во осминафинале! (видео)

Федерер после маратонска драма се пласира во осминафинале! (видео)

Роџер Федерер одигра маратонски меч во пет сета против Џон Милман и на крајот славеше со 3:2 за пласман во осминафиналето на Австралија Опен.

Самиот почеток на дуелот навестуваше дека Федерер ќе има големи проблеми со Милман кој го освои првиот сет. Швајцарецот потоа возбрати со два освоени сета и кога се очекуваше дека лесно ќе победи, Милман го освои четвртиот сет so 6:4.

Во решавачкиот петти сет, и двајцата тенисери загубија по еден гем, па сетот замина во тај-брејк, а на крајот пресуди искуството на Швајцарецот кој не се предаде и после четири часа борба успеа да слави.

Во осминафиналето Швајцарецот ќе ги одмери силите со Фучович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…