Новак Ѓоковиќ во понеделникот го прослави 30. роденден и официјално го потпиша договорот со новиот спонзор. Ѓоковиќ во иднина ќе ја носи опремата на Lacoste.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Француската компанија ја промовираше опремата која српскиот тенисер ќе почне да ја носи од Ролан Гарос.
Годишниот приход на Lacoste изнесува околу 500 милиони евра, а во тенисот, меѓу другите, ги спонзорираaт Федерико Делбонис, Пабло Куевас, Николас Мау, Жилијен Бенето, Доминика Цибулкова, Елена Веснина, Беноа Пер, Роберто Баутиста-Агут.

„Благодарен сум и воедно ми претставува чест и привилегија што започнувам ново партнерство со овој тениски бренд. Lacoste има историја во сите спортови, а Рене Лакост бил некој кој вовел револуционерни промени во тенисот, но и во светот на модата. Lacoste ги следи трендовите и во исто време го чува својот идентитет“, изјави Ѓоковиќ.
Lacoste, исто така, е еден од генералните спонзори на неколку значајни турнири, меѓу кои се и Аустралијан опен и завршниот Мастерс во Лондон.
Во кариерата Ѓоковиќ бил заштитно лице на Адидас, Серџо Такини и Уникло.