Вечерва во рамките од 20. коло во Премиер Лигата се одигра дербито помеѓу Челзи и Арсенал.
Челзи и Арсенал одиграа одличен натпревар во кој видовме четири гола (2:2).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот започна лошо за Арсенал, после една лоша реакција во одбраната Давид Луиз го собори Абрахам во шеснаесетникот и заработи директен црвен картон. Пеналот во гол го претвори Жоргињо.
Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.
Младиот Мартинели после нешто повеќе од еден час игра успева да изедначи. Арсенал преку Лаказет постигна гол и за целосен пресврт, меѓутоа тој гол на Французинот беше поништен поради офсајд.
Челзи повторно до водство стигна преку Аспиликуета во 84. минута. Само три минути подоцна и бекот на Арсенал се запиша во листата стрелци за конечни 2:2.
Треба да се истакне дека двата гола на Арсенал, беа воедно и единствените два шута кон голот на Челзи.