Дома Трансфер зона Ниту Милан, ниту Барселона: Дани Олмо се сели во Премиер лигата

Ниту Милан, ниту Барселона: Дани Олмо се сели во Премиер лигата

Играчот на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо е главна ѕвезда во зимскиот преоден рок.

Шпанскиот фудбалер воодушеви со своите игри на „Максимир“ и е мета на многу европски гиганти, а последните информации сега дека ќе направи „изненадувачки“ трансфер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За Олмо силен интерес покажуваат Милан и Барселона, кои испратија понуда и се очекуваше Шпанецот да заврши во еден од овие два фудбалски гиганти.

Меѓутоа, во трката за неговиот потпис се вклучи и Вулверхемптон, кој е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис и му нуди подобри финансиски услови.

Динамо Загреб е спремен да ја прифати понудата на англискиот клуб бидејќи ќе има процент од следната продажба, па сега се очекува одговор од Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…