Дома Трансфер зона Арсенал и Тотенхем се борат за дефанзивец од Примера

Арсенал и Тотенхем се борат за дефанзивец од Примера

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал и Тотенхем се силно заинтересирани за дефанзивецот на Гетафе, Џене Дакоман.

Тогоанецот има 28 години, во Гетафе пристигна во 2017 година за 2,5 милиони евра од Сент Труден, а сега би можел кариерата да ја продолжи во Англија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Арсенал го следи веќе подолго време и е заинтересиран за неговиот потпис, а сега во трката за потписот се вклучи и градскиот ривал Тотенхем.

Мурињо има проблеми со одбраната, во првиот тим го промовираше младиот Танганга, па сака да донесе искусен стопер. Гетафе е спремен да го продаде дефанзивецот за 25 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…