Дома Трансфер зона Атлетико и Арсенал спремаат голема трампа

Атлетико и Арсенал спремаат голема трампа

Едисон Кавани е приоритет за Атлетико Мадрид овој јануари, но ако преговорите со ПСЖ не бидат успешни Атлетико има „план Б“.

Планот „Б“ на Атлетико се нарекува – Александар Лаказет! Мадритскиот весник „Марка“ тврди дека Диего Симеоне и управата на Атлетико спремни се да го понудат Лемар во замена за Лаказет.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Oва потенцијално може да биде одлична зделка за двете страни бидејќи клубовите се во потрага по играчи на позиции кои ги покриваат Лаказет и Лемар.

Ќе потсетиме, Атлетико со недели е во потрага по играч кој би го заменил повредениот Диего Коста и долгорочно би ја превземал улогата на еден од двајцата напаѓачи во стартниот тим. Додека Лемар би бил засилување за Арсенал на левата странична позиција во нападот.

Лаказет не е ново има во листата на скаути на Атлетико. Французинот беше интересен и во времето кога настапуваше во Лион, но тој на крајот избра да се пресели во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го „краде“ засилувањето на Манчестер Сити

Интер е силно заинтересиран за младиот стопер Џума Бах, кој моментално настапува за Ваљадо…