Дома Трансфер зона Барселона го избрка анонимецот со клазула од 95 милиони евра кој дојде со Де Јонг

Барселона го избрка анонимецот со клазула од 95 милиони евра кој дојде со Де Јонг

Барселона после само шест месеци го раскина договорот со холандскиот фудбалер Мајк Ван Биенен кој на пошироката јавноста стана познат кога во Каталонија пристигна со Френки Де Јонг.

Многу навивачи на Барселона се прашуваа кој е Ван Биенен, а сега стана јасно дека е играч кој во нормални околности никогаш не би го привлекол интересот на Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој во Барселона стигна затоа што е син на агентот на Де Јонг Али Дурсин. Дурсин имаше голема улога во трансферот, па како награда неговиот син потпиша за Барселона, но и доби откупна клазула од дури 95 милиони евра.

Биенен беше испратен во Барселона Б и од тогаш не одигра ниту еден натпревар за резервистите на Барселона.

Во Барселона сега сфатија дека Биенен залутал во клубот и дека не му е местото тука. Дури ниту моќниот татко и неговиот познат другар (Де Јонг) не можеа да ја спречат Барселона да му ја покаже излезната врата после само шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…