Дома Трансфер зона Евертон се засилува со Бразилецот Евертон

Евертон се засилува со Бразилецот Евертон

Премиерлигашот Евертон покажува силен интерес за напаѓачот на Гремио и бразилски репрезентативец, Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот тренер на „карамелите“, Карло Анчелоти, бара засилување во нападот, откако го смени системот во 4-4-2.

Извршниот директор на бразилскиот клуб, Клаус Камара, го потврди интересот на Евертон, но истакна дека се уште не пристигнала официјална понуда.

23-годишниот напаѓач веќе подолго време е на радарот на многу европски клубови, а Гремио за неговата слобода бара мнајмалку 40 милиони евра.

Покрај напаѓачот, Анчелоти во своите редови сака да го донесе и играчот за врска на Интер, Матијас Весино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…