Дома Фудбал Милан ја „деактивира бомбата“ на хрватските медиуми!

Милан ја „деактивира бомбата“ на хрватските медиуми!

Скоро сигурно е дека Дани Олмо ќе го напушти Динамо до крајот на месецот и ќе направи трансфер во многу посилен клуб.

Медиумите шпекулираа дека за Олмо се заинтересирани многу великани, како што се Барселона и Манчестер Јунајтед.

Вчера хрватските медиуми објавија дека Милан испратил понуда од 30 милиони евра на Олмо, и дека Динамо ја прифатил.

Сепак, денеска Ди Марцио тврди дека од милан ги демантирале ти информации.

„Хрватски медиуми пишуваат за понуда од Милан за Олмо, но од клубот тоа ми го демантираа. Не значи тоа дека Милан не го посакува Олмо, Бобан го цени, но тие едноставно не сакаат да го донесат во јануари.“ – рече Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…