После тешкиот пораз од Австрија денес своја изјава имаше и капитенот Кире Лазаров.
„Тешко е да се каже, треба да се седне и со ладна глава да се анализира. Јас стојам на тоа дека со овој тим на Австрија можеме да се надигруваме. Денес одигравме под нивото, многу промашувавме и го разбранивме нивниот голман. Разочарани сме, очекувавме повеќе посебно кога видовме каква група добивме“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да изразам балгодарност за сите што издвоија време и средства да дојдат тука. Можеби имаше повеќе Македонци од она во 2012 година. Капа до под на сите Македонци, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Сега треба да се започне од почеток, не смееме да загубиме нешто што е свето. Ниту една репрезентација на еден турнри на кој не е домаќин нема по 5000-6000 навивачи. Мораме да направиме напор да го кренеме македонскиот ракомет на високо ниво“, изјави Лазаров.