Дома Фудбал Англија Напаѓачот на Шефилд ќе биде казнет затоа што навивал за друг клуб

Напаѓачот на Шефилд ќе биде казнет затоа што навивал за друг клуб

Екипата на Шефилд едно од најпријатните изненадувања сезонава на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако минатата сезона како второпласирани од Чемпионшип изборија пласман во Премиер лигата, многумина на Шефилд му предвидуваа тешка борба за опстанок, но и испаѓање.

Меѓутоа екипа која од клупата ја предводи Крис Вилдер игра над сите очекувања. Во овој момент тие се на одличната шеста позиција со 32 освоени бодови имаат солидни шанси да изборат дури и излез во Европа.

Една од првите ѕвезди на тимот е младиот Оливер Мекбурн кој овие денови се најде во центарот на вниманието. Освен што донесе бодови за својот Шефилд, младиот шкот присуствуваше на дербито во Чемпионшип помеѓу Кардиф и Свонси.

Натпреварот заврши 0:0, а поранешниот напаѓач на Свонси е „уловен“ како навива за неговиот поранешен клуб. Според „Скај Спорт“ ФА против негов отвори дисциплинска постапка, па мпжно е да сноси последици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Мурињо се приближуваат до својот крај

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо е на чекор до враќањето како тренер на Реал Мадрид, соопшт…