Дома Трансфер зона Конте го сака Ериксен – веднаш!

Конте го сака Ериксен – веднаш!

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, пренесуваат италијанските  медиуми.

„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според извор близок до агентот на данскиот фудбалер, тој веќе постигнал комплетен договор со „нероаѕурите“ и наскоро се очекува да бидат ставени потписи.

Идејата на двете страни е договорот да биде потпишан сега, а Ериксен да пристигне во Милано на лето како слободен агент.

Меѓутоа, Антонио Конте инсистира Ериксен да пристигне веднаш, па двата клуба наскоро ќе седнат на преговори, а Интер ќе се обиде да ја намали сумата од 20 милиони евра која ја бара Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…