Со Спортски и денес бидете во тек и следете се што се случува на трансфер пазарот.
-Веста на денот е секако трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед. Постигнат е договор и Португалецот за 70 милиони евра ќе се пресели на „Олд Трафорд“ (тука).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
-Италијанските медиуми тврдат дека Интер и Челзи ги договараат последните детали и наскоро Оливие Жиру ќе стане нов фудбалер на миланскиот гигант.
-Арсенал е силно зиантересиран за играчот на Милан, Хакан Чалханоглу. Двата клуба наскоро ќе започнат преговори (тука).
ПРЕСВРТ: Иако шпанските медиуми објавија дека Чави наскоро ќе биде назначен за нов тренер на Барселона, сепак легендата ја одбил понудата (тука).
-Англиските медиуми тврдат дека Фернандо Љоренте може да се врати во Тотенхем. Шпанецот не се снајде најдобро во Наполи, а на Мурињо му е потребна замена за Хари Кејн.
–Кристиан Ериксен постигна договор со Интер, останува уште двата клуба да ја договорат отштетата, па трансферот е блиску до реализација.
Christian Eriksen has reached a personal agreement to join Inter Milan on a four-year contract. Tottenham want £17m to let him go in January. (Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/cVG0vqwxzE
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 11, 2020
-Официјално: Матија Калдара го комплетираше трансферот во Аталанта на 18-месечна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.
-Милан и Рома започнаа преговори за трампа Сусо – Ченгиз Ундер.
–Дони ван де Бек ја отфрли можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед и потврди дека останува во Ајакс.
Donny van de Beek has ruled out a move to Manchester United this January transfer window.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 12, 2020
"I will say it again: I will remain at Ajax this season."
(Source: FOX Sports Netherlands) pic.twitter.com/XqgUW6P7c6
-Откако го комплетираше трансферот на Симон Кјаер на 6-месечна позајмица, Милан е во потрага по уште еден дефанзивец.
-Манчестер Јунајтед испрати понуда од 12,5 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, 16-годишниот Џуд Белингам.