Фудбалерите на Арсенал ремизираа денес на гости против Кристал Палас во рамките од 22 коло во Премиер лигата (1:1).
„Топџиите“ на одличен начин го отворија денешниот натпревар бидејќи во 12. Минута преку Обамејанг го отворија резултат. Потоа Арсенал имаше уште неколку добри обиди, но остана 0:1. Во финишот од првото полувреме Палас заигра нешто подорбо и успеа да се закани кон голот на Арсенал, сепак сериозни прилики немаше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До изедначување гостите дојдоа после девет минути игра во второто полувреме. Во казнетиот простор на Арсенал најдобро се снајде Ајев кој го матираше противничкиот голман за 1:1.
Во 67. минута ситуација за Арсенал дополнително се влоши, Обамејанг после реакција од ВАР собата доби директен црвен за опасниот старт на Мејер.
Арсенал и со играч помалку се обиде да дојде до трите бода, Пепе ја погоди стативата во 82. Минута, а одбиената топка Лаказет не ја смести во мрежата. До крајот на натпревар Кристал Палас создаде неколку прилики, меѓутоа резултатот не се промени.