Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не сака да остане без неговиот напаѓач Криштоф Пјонтек.
Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека Милан и Тотенхем се во напредни преговори и трансферот наскоро ќе се реализира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тренерот на „росонерите“ тврди дека не сака да се раздели со Пјонтек.
„Пјонтек? Јас би бил многу среќен ако можевме да го превртиме часовникот до 31 јануари, кога ќе се затвори пазарот. Пјонтек е во групата за утрешниот натпревар и е спремен за игра“, истакна Пиоли.
Во сабота Милан ќе му гостува на Каљари и се очекува Ибрахимовиќ да биде во стартниот состав, а Пјонтек ќе биде на клупата за резерви.